Почнува 66. издание на фестивалот „Охридско лето“
На 40-дневниот фестивалски репертоар се педесетина неповторливи доживувања од областа на класичната музика, џезот, балетот и театарот при што фестивалските сцени ќе примат над 700 докажани уметници од 24 земји во светот.

Со гала-концертот „Љубов“ на големата оперска ѕвезда Ермонела Јахо од Албанија и американскиот тенор Чарлс Кастроново, вечер во античкиот театар во Охрид ќе биде отворено 66-то издание на фестивалот „Охридско лето“. Ќе настапат под диригентската палка на Италијанецот Марко Боеми, а во придружба на Националната опера и балет. На 40-дневниот фестивалски репертоар се педесетина неповторливи доживувања од областа на класичната музика, џезот, балетот и театарот при што фестивалските сцени ќе примат над 700 докажани уметници од 24 земји во светот.
Предвидено е и одбележување на два јубилеи, 100 години од раѓањето на големата оперска дива, Ана Липша Тофовиќ и 60 години постоење на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
