Уставниот суд реагира на обидите за политизација на неговите одлуки и меѓународни активности
Од судот велат дека нема да подлегнат на какви било политички притисоци, влијанија или обиди за дискредитација. Одлуките на уставниот суд се конечни и извршни, и општо задолжителни...

„За судот нема никаква релевантност, какви и кои се имињата на улици, училишта, инфраструктурни објекти, тоа се политички одлуки кои ние не ги цениме, она што е важно за судот и за граѓаните е дали тие одлуки се донесени во законски пропишана постапка“, Уставен реагира на синоќешниот протест на ДУИ во Тетово. Од судот велат дека нема да подлегнат на какви било политички притисоци, влијанија или обиди за дискредитација. Одлуките на уставниот суд се конечни и извршни, и општо задолжителни.
Наместо да повикуваат на протести, насочени дирекно против владеењето на правото, партиите да покажат вистинска посветеност кон европските вредности и кон потребите на граѓаните“, се вели во реакцијата на Уставниот суд.
