За еден ден, две спасувачки операции
За еден ден, две спасувачки операции. Тројца планинари извлечени од Бистрица на Шар Планина – заглавиле на тежок терен откако на едниот му се слошило и почувствувал болки во градите. Кај Матка, пак, успешно пронајден изгубен Романец.

Планината е убава но може да стане опасна особено доколку љубопитноста ве однесе на непознат терен. Една прошетка може да ве чини дури и живот доколку не се придржувате до обележаните патеки а и ако телефонската батерија е речиси празна. Последниот повик на 112 бил за тројца планинари заглавени на планината Бистрица поради непристапен и тежок терен, од кои на едниот му се влошила здравствената состојба и не можеле да го продолжат движењето. По три часа пешачење поради неможност да се стигне со теренско возило алпинист спасител и тимот за брза интервенција и спасување во планина безбедно ги евакуирале лицата.
Во исто деноноќие еден турист од Романија, пак, се загуби во кањонот матка во близина на пештерата врело од каде по неколкучасовна акција успешно беше спасен од ЦУК во содејство со ДЗС и МВР. Од центарот за управување со кризи предупредуваат на веќе утврдените правила за да не дојде до вакви ситуации.
Институциите повикуваат да не се занемаруваат препораките за безбедно движење по планините.
Фиљана Кока
