Временска прогноза

Сончево време со мала до умерена облачност

13.07.2026 08:15

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец.

Денеска нè очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h.

Утринските температури ќе се движат од 11 до 18 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 24 до 34 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, проследено со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне околу 30 степени.