Собрание

Владината реконструкција на дневен ред во Собранието

13.07.2026 08:24

Собранието денеска се очекува да ја започне 112. седница на која треба да бидат разрешени и избрани нови членови на Владата. Во владиниот кабинет ќе се сменат или ќе ротираат во други ресори осуммина министри и двајца заменици министри.

Собранието денеска се очекува да ја започне 112. седница на која треба да бидат разрешени и избрани нови членови на Владата. Во владиниот кабинет ќе се сменат или ќе ротираат во други ресори осуммина министри и двајца заменици министри. Според предложените кадровски решенија на премиерот Сашо Клековски ќе биде за нов министер за здравство, а неговата позиција во Фондот за здравствено осигурување ќе ја наследи Златко Перински.

Иван Стоиљковиќ ќе си замине од Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците и ќе раководи со Министерството за локална самоуправа. Агон Ферати ќе биде новиот министер во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, Јетон Шасивари нов министер за правда, на местото на Игор Филков, а Седат Сулејмани, кој ќе го замени Зоран Љутков во Министерството за култура и туризам,

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде Борче Серафимовски, на местото на Цветан Трипуновски, а Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе го преземе досегашниот заменик-министер Ѓоко Велковски, кој доаѓа на местото на Фатмир Лимани. За министер без ресор задолжен за инклузија и спроведување на Стратегијата за Ромите е предложен Ерџан Демир, а се очекува премиерот Мицкоски да го соопшти и неговиот избор од оваа партија што ќе раководи со министерство без ресор.

Владата веќе нема да има вицепремиер и министер за добро владеење, а тие обврски ќе ги преземе неговиот Кабинет. Изборот на нови заменици министри, на позициите на Велковски и Сулејмани ќе се случи во септември.