Политика

Нема напредок за Изборниот законик

13.07.2026 09:09

Иако „Левица“ се најави дека за денеска ќе организира средба по повикот од премиерот Мицкоски, опозицијата да излезе со единствен став, СДСМ соопшти дека на таков состанок нема да учествува...

Нема напредок за Изборниот законик што е блокиран со илјадници амандмани. Иако „Левица“ се најави дека за денеска ќе организира средба по повикот од премиерот Мицкоски, опозицијата да излезе со единствен став, СДСМ соопшти дека на таков состанок нема да учествува.

Бараме фер избори и нема да дозволиме манипулација со гласовите од дијаспората, велат социјалдемократите. „Левица“, пак, остана на ставот дека треба да се најде решение, кое ќе вклучува и една изборна единица, но оттаму и порачаа на власта дека не може да стои настрана од процесот.

Според ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата координирано го блокира Законикот во страв од изборен пораз.