Блиски Исток

Нови напади меѓу Иран и САД

13.07.2026 10:04

Иранските државни медиуми објавија дека загинало едно лице во југозападниот дел од земјата, а четворица се повредени. Корпусот на Исламската револуционерна гарда соопшти дека ги нападнала американските воени бази во Кувајт, Јордан и Бахреин.

САД извршија нов напад врз Иран. Иранските државни медиуми објавија дека загинало едно лице во југозападниот дел од земјата, а четворица се повредени. Корпусот на Исламската револуционерна гарда соопшти дека ги нападнала американските воени бази во Кувајт, Јордан и Бахреин. Премиерот на Израел вели дека војната спречила непосредна закана, што ја претставува поседувањето нуклеарно оружје од страна на Иран.

„Системски ја уништуваме иранската оска на злото и теророт, која се обидуваше да го унапреди планот за уништување на Израел со помош на јамка на терор што ја стегна околу нас. Избегнавме непосредна егзистенцијална закана, вклучително и непосредната опасност од поседување нуклеарно оружје од страна на Иран. И тие ќе го употребеа“, изјави Бенјамин Нетанјаху – премиер на Израел.

Конфликтот покренува нови прашања за привремениот договор меѓу Иран и САД.