Шпанија

Пожари беснеат низ Шпанија

13.07.2026 15:00

Стотици пожарникари, поддржани од хеликоптери и авиони, се бореа да го локализираат еден од најсмртоносните пожари во Шпанија ...

Стотици пожарникари, поддржани од хеликоптери и авиони, се бореа да го локализираат еден од најсмртоносните пожари во Шпанија, кој избувна претходно оваа недела и одзеде најмалку 12 животи.

„Во овој болен момент, сакам да им се заблагодарам и на локалните градоначалници. Тие помогнаа да се спасат многу животи, ставајќи ги своите животи во опасност. И го направија тоа покажувајќи голема дарежливост. Исто така, на тимовите за психолошка поддршка. Сите вклучени“, изјави Маргарита Роблес - министерка за одбрана на Шпанија.

Пожари ја зафатија и Франција оваа недела во момент кога делови од Западна Европа се соочуваат со својот трет топлотен бран за шест недели. Европа е континентот што се затоплува најбрзо во светот, со температури што се зголемуваат двојно побрзо од глобалниот просек од 1980-тите, според Службата за климатски промени Коперник на Европската Унија.