Култура

Вечерва на Скопско лето изложба на графика „Траги во графиката“

13.07.2026 11:06

Вечерва на фестивалот Скопско лето ќе се отвори изложба на графика насловена „Траги во графиката“ на Виктор Семенпеев, во Национална галерија на Македонија – Мала станица, со почеток во 20:30 часот.

Вечерва на фестивалот Скопско лето ќе се отвори изложба на графика насловена „Траги во графиката“ на Виктор Семенпеев, во Национална галерија на Македонија – Мала станица, со почеток во 20:30 часот.

Утре вечер продолжува Кинотеката на Скопско лето со проекција на филмот „Бикини Мун“ во режија на Милчо Манчевски, која ќе започне во 20:15 часот во Кинотеката на Македонија. Билетите за проекцијата се во продажба на karti.com.mk

Истата вечер (14.07.2026г. – вторник) со почеток во 20:30 часот во Музеј на град Скопје ќе се одржи документирана изложба и концертен настап по повод 10 години Национален џез оркестар, настан насловен „Трага во времето – 10 години Национален џез оркестар“.

„JAZZ10“ е визуелна архива на десет години современ македонски џез, со фотографии, материјали и приказни што сведочат за сцената и музичарите што ја обликуваа оваа деценија.

Проектот ја отвора приказната за една сцена што расте, експериментира и создава сопствен звук, преку концерти, авторски проекти, соработки и луѓе кои го градеа нејзиниот континуитет.

Влезот е слободен.