Идризово

Во „Идризово“ продолжува судењето за кочанската трагедија

13.07.2026 10:38

Се очекува да бидат претставени градежните вештачења. На последното рочиште беа презентирани докази од телефонски апарати на дел од обвинетите, комуникации меѓу нив, и размена на пораки на социјалните мрежи.

Во големата судница во „Идризово“ продолжува судењето за кочанската трагедија, со презентирање докази на обвинителството. Се очекува да бидат претставени градежните вештачења. На последното рочиште беа презентирани докази од телефонски апарати на дел од обвинетите, комуникации меѓу нив, и размена на пораки на социјалните мрежи.

Одбраната реагираше дека во дел од презентираните документи никаде не се спомнува „Пулс“. По целосното изведувањето на доказите на обвинителството, материјални докази и сведоци ќе изведува и одбраната, која, како што најави, има и две вештачења.

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.