Полициска акција: Приведени 15 имигранти од Авганистан, Сирија и Сомалија

25.09.2014 15:02

Акцијата за откривање и приведување илегални мигранти била спроведена во кругот на меѓуградската автобуска станица...

Полицијата попладнево спроведе голема акција за откривање илегални мигранти. Повеќе полициски екипи ги блокираа приодите кон скопската Железничка станица при што се приведени 15 имигранти од Авганистан, Сирија и Сомалија.

Акцијата за откривање и приведување илегални мигранти била спроведена во кругот на меѓуградската автобуска станица. Од МВР велат дека во моментов се водат информативни разговори за откривање на организаторите.

Инаку во светот под контрола на Интерпол и Фронтекс од 15 до 23 септември  се спроведуваше полициската акција „Архимед“, при што само во Европа беа контролирани 10 илјади нелегални имигранти, од кои се уапсени 170 организатори на нелегалната имиграција. 

Покрај тоа, во ЕУ се уапсени и 1.027 лица, и запленети се 600 килограми кокаин, 200 хероин, над еден тон марихуана.