Син уби татко кој ја нападнал мајка му
Нов случај на семејно насилство, но со смртен исход. Синоќа во Скопје син го убил татко му кој бил во алкохолизирана состојба и претходно ја нападнал својата сопруга и мајка на осомничениот. Неколку часа претходно Меланија од Куманово јавно побара помош таткото што ги малтретира да биде сместен во психијатриска институција. Мажот е хоспитализиран, постапува и МВР...

Јавноста повторно е потресена од уште едно во низата убиства поради семејно насилство. Млад човек си ја запечати својата судбина убивајќи го својот алкохолизиран татко за да ја заштити мајка си од неговото малтретирање при што се здобила со повреди.
За подобрување на превенирањето на вакви случаи кои според податоците на невладината Хера сè се побројни, отворен е првиот семеен центар во земјава. Во центарот се упатуваат насилниците преку судовите или центрите за социјална работа кога има изречени мерки за заштита или кога има кривична дела. Центарот прво остварува индивидуални средби за проценка дали може да почне со третман но и за евентуалните ризици, вели за МТВ Ивановска од првиот семеен центар при Хера. Потоа следува групниот третман.
Само неколку часа пред ова убиство во Скопје, Меланија од Куманово во јавно обраќање побара спас и помош за семејството оти со мајка и баба и со братот кој има церебрална парализа се жртви на насилство од страна на нејзиниот татко кој душевно болен но и алкохоличар.
Фиљана Кока
