Уметнички дела од 54 автори избрани на првиот конкурс за откуп
57 дела на 54 автори-уметници беа избрани на огласот на Министерството за култура за откуп на ликовни дела. Уметници, кои дале исклучителен придонес во развојот на ликовната дејност во Македонија- промотори на македонската култура вон државава.
На конкурсот пристигнале 228 пријави за 605 дела, кои беа разгледани и оценети од стручна комисија.

„Според јасно утврдените критериуми и потребите на нашите институции, комисијата изврши избор на дела на 54 автори кои дале исклучителен, индивидуален придонес во развојот на ликовната уметност во Република Македонија, автори потврдени промотори, иницијатори на одредени појави, движења и стилови во националната ликовна уметност, уметници кои учествувале на значајни групни изложби или манифестации во земјава и во странство, како и дела од млади уметници со истакнат ликовен израз“, изјави министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска
За оваа дејност Буџетот за 2015 ќе биде двојно зголемен.