Затворени 18 институти и една приватна висока стручна школа поради утврдени неправилности во работењето
Затворени 18 институти и една приватна висока стручна школа поради утврдени неправилности во нивното работење.Засилени проверки во високото образование. Јаневска рече дека институциите кај кои ќе бидат констатирани проблеми најпрво ќе добијат законски рок за нивно отстранување. Доколку не постапат во предвидениот период, ќе следува одземање на акредитациите и затворање.

Научни институти во заднински дел од кладилница, од продавници, во станови. Институти без определен број на вработени, без научно истражувачка работа, без програми, план и проекти. Покрај институтите мониторинг и на универзитетите. Министерката Јаневска вели контролата продолжува, институциите кај кои ќе бидат констатирани проблеми најпрво ќе добијат законски рок за нивно отстранување. Доколку не постапат во предвидениот период, ќе следува одземање на акредитациите и затворање.
Во однос на државната матура, според првичните резултати, без да бидат прегледани жалбите од учениците, јаневска рече дека се слични како минатогодишните. Според неа успешно се одвива целиот процес.
Конечните резултатите од матурата се очекува да бидат објавени до крајот на неделава..
Ана Јосифоска
