Општина Струга отстранува времени објекти спротивно на законот?!
Денес стружани се разбудија со звуците на уривањето на привремените објекти како што ги нарекуваат од општина Струга, за нив ова е согласно законот, за другите сето ова што се случува е спротивно на законот...
Со солзи во очите и неверување беа затекнати утринава сопствениците на привремените објекти. Повеќе од 20 години работа и егзистенција за миг беше срушено. Голем дел од нив немаат каде да продолжат понатаму.
„Четири лица егзистенција имаа од мојата фризерница, а 22 години работам и еве сега сме на улица. Никој од моето семејство не работи. Засега нема ништо за друга локација ништо не кажаа“, вели Сена Вердика, сопственик на објект.
Останатите сопственици скршени од тага не сакаа да зборуваат пред камера. Од општина Струга велат дека се е во согласност со законот и апелираат да се почитува оваа одлука на општината.
„Сакам да апелирам до сите оние кои имаат добиено заклучоци за остранување на урбаните опреми т.н. киосци да ги отсранат на време затоа што отстранувањето од страна на општината чини многу повеќе отколку што можат тие сами. Затоа, заради економскиот интерес на самите граѓани и за естетскиот изглед на општината би било тие самите своите имоти да си ги заштитат или да си ги отсранат“, вели Муним Бајрактар - раководител на Сектор за инспекциски надзор.
За советникот Перо Петкоски од редовите на ВМРО- ДПМНЕ ваквата одлука на градоначалникот на Струга е спротивна на одлуката на Државниот инспекторат, но и на онаа што била донесена на советот во општина Струга.
„Бидејќи инспекторатот оваа одлука на Совет реши да ја запре, сакам да истакнм дека се ова во моментов што се случува од Општина Струга, бидејќи има таква одлука, градоначлникот го прави буквално на сопствена волја“, рече Петкоски.
Со отстранувањето на 160 објекти во Струга и не наоѓањето на соодветно решение од страна на општината, на улица ќе останат околу 500 лица.
Јованчо Наумоски
