Отворена Кинеска бизнис-комора во Македонија за нови инвестиции и економска соработка
Основана Кинеско-македонската стопанска комора. Целта е продлабочување на економската соработка и поттикнување на трговската размена меѓу Македонија и Народна Република Кина.

Темелите на секоја успешна економија се градат со привлекување нови инвестиции, кои ќе значат развој на стопанството, велат кинеските стопанственици кои отворија бизнис-комора во земјава. Целта е да се продлабочи соработката и да се поттикне трговската размена меѓу Македонија и Народна Република Кина.
Основањето на Комората е потврда дека стабилните меѓудржавни односи добиваат своја димензија преку институции кои ги поврзуваат луѓето, компаниите и идеите, велат од македонската Влада. Ваквите институционални мостови, создаваат доверба и отвораат простор за нови економски можности.
Се поголем број македонски компании ја препознаваат Кина како важен партнер, важно за унапредување на билатералната соработка.
Борис Грујоски
