Собрание

Собранието разреши осум министри и двајца заменици, во тек е расправата за новиот тим

13.07.2026 17:02

Пратениците разрешија осум министри и двајца заменици, опфатени со реконструкцијата. „Влада на резултати, а не на комфор – реконструкцијата е продолжување на реформите и подобрување на ефикасноста“, премиерот Mицкоски во обраќањето пред пратениците. Опозицијата со остра критика за работата на досегашните министри...

Пратениците разрешија осум министри и двајца заменици, опфатени со реконструкцијата на кабинетот на премиерот Мицкоски.

„Оваа влада нема да биде влада на комфор, туку на резултати. Функциите не се сметаат за стекнато право, туку за обврска што секој ден повторно мора да се заслужува“ – порака од шефот на Владата до новите кадри на „Илинденска“.

Им се заблагодари на досегашните соработници велејќи дека должноста ја вршеле чесно и најавува оти новите министри ја продолжуваат визијата на владата за градење на држава која ќе ја заслужи довербата од граѓаните. Мицкоски и со порака до опозицијата – делата кои ги оставивте се најдобриот доказ за разликата меѓу двете политички опции.

Опозицијата со остра критика за работата на досегашните министри. За „Левица“ реконструкцијата е пазар за одржување на предвремени парламентарни избори. Најслаба карика во владата на Мицкоски според социјалдемократите е Љутков кој, според партијата, ги урнисал културата и вработените. И партиите од албанскиот блок со слична реторика.

На расправата за именувањето на новите министри, пријавени повеќе пратеници.

Викторија Милевска