Обвинителите реагираат поради непостапувањето на Уставниот суд по поднесените иницијативи за нивните плати
Со ваквото непостапување веќе е создаден сериозен диспаритет во статусот меѓу јавните обвинители и судиите, со што директно е засегната уставно гарантираната самостојност на Јавното обвинителство како државен орган, стои во дописот.

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители реагираат поради непостапувањето на Уставниот суд по поднесените иницијативи за оценување на уставноста на одредбите од Законот за изменување и дополнување на законот за платите, со кои по третпат беа намалени коефициентите за пресметка на јавните обвинители.
Со ваквото непостапување веќе е создаден сериозен диспаритет во статусот меѓу јавните обвинители и судиите, со што директно е засегната уставно гарантираната самостојност на Јавното обвинителство како државен орган, стои во дописот. Очекуваат Уставниот суд, како чувар на уставноста и законитоста, да обезбеди ефикасна и навремена уставно-судска заштита на начелото на поделба на власта, владеењето на правото и уставно гарантираната самостојност на јавното обвинителство.
