Собранието ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет
Собранието со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет. Новите министри ја добија довербата од пратениците и во наредниот период ќе раководат со неколку клучни ресори во државата...

Собранието со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет. Новите министри ја добија довербата од пратениците и во наредниот период ќе раководат со неколку клучни ресори во државата.
СДСМ и ДУИ ја напуштија седница која во попладневните часови имаше повеќе паузи отколку расправа. Од СДСМ координаторот Спасовски реагираше на однесувањето на кандидатот за министер Стоилковиќ.
По нивното заминување, претседателот на Собранието ја продолжи седницата, а пратениците од парламентарното мнозинство ја изгласаа реконструкцијата без присуство на опозицијата.
