Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

14.07.2026 08:16

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови, повремено засилен ветер од северен правец...

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.