Одбојка СП – Италија 2014

Коло за разрешување на првите дилеми!

25.09.2014 16:02

По третото коло на Светското првенство во одбојка за жени во Италија, неколку репрезентации может да обезбедат пласман во втората фаза којашто исто така ќе се одигра во групи.

Во А конкуренцијата, Германија го совлада Тунис со 3:0 и привремено е на првата позиција, но пред да се одиграат дуелите Хрватска – Донминиканска Република и Италија – Аргентина. Со евентуални триумфи, домаќинот и Доминикана ќе се пласираат во вториот круг. Мечот Хрватска – Доминиканска Република ќе почне во 17 часот, а преносот на МРТ по завршувањето на собраниската седница.

Олимпискиот шампион Бразил ја оствари и третата победа во групата Б и тоа со 3:0 против Канада и доколку Бугарија не ја победи Турција, „кариоките“ уште денеска ќе бидат меѓу шеснаесете најдобри репрезентации. Победа на Турција би и одговарала и на Србија којашто со триумф против Камерун ќе обезбеди втора рунда.  

Во групата Ц, Тајланд реализираше вредна победа во трката за четвртото место од 3:0 пртоив Мексико. Со очекувано славје против Казахстан, мундијалскиот првак Русија и теоретски би бил во наредната фаза, а истото ќе важи и за поуспешниот од дуелот Холандија – САД.

Најкомпликувана е ситуацијата во сегментот Д. Азербејџан славеше против Порторико со 3:2 и сега е четврти со четири бода колку што имаат и Јапонија и Порторико. Јапонките ќе играат против Куба, а лидерот со шест бода Кина против петопласираната Белгија којашто има три.