ЕУ
„Супер вторник“ за земји-кандидатки
14.07.2026 08:26
Македонија не е опфатена со овие планови за следниот чекор...

„Супер вторник“, вака Брисел го оквалификува денешниот ден за земјите-кандидатки за членство во Европската унија. На четири големи меѓувладини конференции, Црна Гора и Албанија затвораат три клучни поглавја, а Украина и Молдавија ја отвораат втората од вкупно шест групи поглавја за реформи, што ги опфаќаат надворешните односи и надворешната политика.
Македонија не е опфатена со овие планови за следниот чекор. Како што нагласи комесарката за проширување Марта Кос, по средбата со премиерот Мицкоски во Скопје, останува условот, државата да ги заврши уставните измени, по што може да биде вклучена во календарот на Европската унија за натамошен напредок во преговорите.
