Кривичен Суд
Пресуда за случајот „ДКСК“
14.07.2026 08:40
Обвинителството бара осуда, оценувајќи дека во текот на постапката биле докажани кривичните дела што ѝ се ставаат на товар...

Во Кривичниот суд треба да биде објавена пресудата за екс-антикорупционерката Татјана Димитровска, обвинета за злоупотреба на службената положба и за фалсификат. Обвинителството бара осуда, оценувајќи дека во текот на постапката биле докажани кривичните дела што ѝ се ставаат на товар.
Одбраната пак, побара ослободителна пресуда, посочувајќи дека обвинителството не успеало да го докаже кривичното дело.
