Нов бран напади на САД врз Иран
САД започнаа напади врз Иран, неколку часа откако претседателот Трамп изјави дека повторно воведуваат поморска блокада на иранските пристаништа и ќе наметнат такса од 20% за целиот товар што се испорачува преку Ормускиот теснец по деновите на ескалација на нападите.

САД започнаа напади врз Иран, неколку часа откако претседателот Трамп изјави дека повторно воведуваат поморска блокада на иранските пристаништа и ќе наметнат такса од 20% за целиот товар што се испорачува преку Ормускиот теснец по деновите на ескалација на нападите.
Иран одговори со напади насочени кон Бахреин и два танкера поврзани со Обединетите Арапски Емирати кои пловеа низ теснецот, при што загина еден морнар и беа ранети осуммина други. Емиратите се заканија дека ќе се одмаздат.
„Ја уништивме нивната војска. Ги удираме многу силно. Имавме договор вчера, или завчера, се беше готово. И потоа веднаш го раскинаа тој договор затоа што открија дека има нешто во договорот што не им се допаѓа. Тие се поинаку поврзани и ние нема да го трпиме тоа“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Новиот генерален секретар на Арапската лига го повика Иран да ги запре нападите врз арапските земји и да го почитува нивниот суверенитет.
„Почитувањето на суверенитетот на арапските држави останува одлучувачки принцип чие кршење не го прифаќаме. Меѓу најтешките закани денес се очигледните ирански агресии насочени кон безбедноста и суверенитетот на неколку арапски земји, меѓу кои пред сè, Обединетите Арапски Емирати, Кралството Бахреин, Кралството Саудиска Арабија, Државата Катар, Државата Кувајт, Султанатот Оман, Хашемитското Кралство Јордан и Република Ирак. Повторувам по трет пат. Секоја штета врз безбедноста на една арапска држава е штета врз безбедноста на сите арапски држави“, изјави Набил Фахми, генерален секретар на Арапската лига.
Серија експлозии ја потресоа зградата на аеродромот во Сана, додека ирански авион со делегација на Хутите се приближуваше кон пистата. Авионот подоцна беше пренасочен кон пристаништето Ходеида, а двете сопернички јеменски влади во Сана и Аден ги заменија месеците молчење со воена реторика.
