Франција со традиционална воена парада го одбележува Денот на Бастилја
Денес во Париз ќе се одржи традиционална воена парада по повод одбележувањето на 14 јули, Националниот празник на Република Франција, Денот на Бастилја. На настанот ќе присуствуваат бројни светски лидери.

Овогодишната парада ја носи пораката за „стратешко будење на Европа“. Според француските медиуми, Франција сака да ја искористи парадата за да го демонстрира зајакнувањето на европската одбрана, подготвеноста на сојузниците на НАТО, развојот на француските воени капацитети и важноста на нуклеарното одвраќање во европската безбедносна стратегија.