Може ли да се повтори минатата сезона!?
Почнува адреналинското клупско македонско задоволство и гордост, Лигата на европските ракометни шампиони. Металург и Вардар достоиствено и моќно ќе треба да газат и сезонава низ Европа. Металурзите ја врзуваат 4-тата сезона со ред од севкупно 6-те во престижното друштво, оваа се разликува од предходните по директѕниот влез меѓу шампионите и искуството кое беше носечка нишка досега, сезонава со пропратен сегмент, младоста.Француски ПСЖ како лани прв доаѓа на скопскиот жежок терен. Тим кој во своите редови го има најмоќното од ракометниот свет, во своите каси најмногу.

„Нема да кажам ништо ново ако речам дека ПСЖ е огромен фаворит. Секогаш е тешко уште пред почетокот на натпреварот да признаеш дека другиот е фаворит, но тоа и го должам на јавноста и на навивачите, да ја кажам вистината. И покрај се што имаше ПСЖ во своите редови, се засили со уште тројца страшни играчи, Омејер, Акамбре и Бараше, а кога ќе се додадат уште Абало, Нарцис, потоа најдобар светски ракометар Хансен, плус играчи од ракометни велесили како Вори и Копљар, тогаш се сум кажал. Тврдам дека имаат најсилна екипа во светот, но тоа, пак, не значи дека креваме бело знаме. Тие треба да ја докажат огромната фаворитска улога в недела, а наша задача е да ги спречиме“, изјави тренерот на Металург, Лино Червар.
Како против ѕвездите, кои лани паднаа на колена?!.Ќе го нема кај металурзите авторитетниот Вугринец, но се преостанато е на располагање.
„Ќе ги сопреме само ако играме тимски, никако поединечно. Колективниот квалитет ќе биде победничката карта. Ќе им се спротивставиме со борбеност. Да го оставиме срцето на терен“, потенцираше хрватскиот стручњак.
Приоритетот е влез меѓу 16-те по 4-ти пат, повторување на евро 8-ката или нешто плус би било повеќе од успех. Металург – ПСЖ, недела 19 часот, Арена Борис Трајковски.