МВР

Лишен од слобода малолетник кој украл пари и предмети од црква во Тетово

14.07.2026 16:15

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава...

Вчера во 23:30 часот на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во црквата „Св. Богородица“ во Тетово, информираат од МВР.

Тој, истиот ден околу 21:10 часот, одзел пари и предмети од црквата. Известен е јавен обвинител и во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи, со малолетникот е извршен службен разговор.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.