Македонија

Нова пријава против жената од Куклица

14.07.2026 15:46

Жената од Куклица ќе добие нова пријава. И покрај забрана за посета на локалитетот, изречена од Основен суд Кратово, таа повторно била затекната кај заштитениот споменик на природата.

Жената од Куклица ќе добие нова пријава. И покрај забрана за посета на локалитетот, изречена од Основен суд Кратово, таа повторно била затекната кај заштитениот споменик на природата.

Посетителка пред три дена пријавила дека на домашни и странски туристи, пак им бил попречен пристапот до локалитетот. Полициски службеници излегле на терен и утврдиле дека жената престојува на местото и покрај изречената забрана.

По целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава, информира СВР Куманово. Против истата веќе се водат одделни судски постапки. Имено треба да се утврди дали со години го узурпирала просторот и неовластено барала пари за влез. Постапка за враќање на локалитетот поведе и Општина Кратово.