Фудбал

Франција и Шпанија во битка за финалето на Светското првенство

14.07.2026 12:07

Франција и Шпанија ќе го отворат полуфиналето на Светското првенство во натпревар што се очекува да биде еден од највозбудливите на турнирот...

Вечерва од 21 часот, Франција и Шпанија ќе го отворат полуфиналето на Светското првенство во натпревар што се очекува да биде еден од највозбудливите на турнирот. Двете европски селекции ќе се сретнат во Арлингтон во борба за место во финалето, кое е закажано за 19 јули во Њујорк.

Франција и Шпанија уште пред почетокот на Мундијалот беа меѓу главните кандидати за освојување на титулата, а со досегашните настапи ги оправдаа очекувањата. Победникот од оваа пресметка ќе направи последен чекор кон светскиот трофеј.