Транспорт

700 илјади евра европска помош за Инспекторатот за транспорт

14.07.2026 17:53

80 специјално опремени нови возила, донација од Европската унија за Државниот инспекторат за транспорт вредна 700 илјади евра. Ќе се зголеми ефикасност во Инспекцискиот надзор во товарниот сообраќај.

Крај за претоварните камиони и дивите превозници. Осумнаесет возила, од кои две специјално опремени за следење, опрема вредна 700 илјади евра доби Инспекторатот за транспорт од Европската Унија. На терен, зајакнати контроли со акцент на товарниот транспорт.

За вицепремиерот Николоски, станува збор за значајна поддршка што ќе овозможи Инспекторатот поефикасно да работи и да ја покрива целата територија на државата.

Амбасадорот рече дека новите специјално-опремени возила ќе придонесат за поефикасен инспекциски надзор, поголема безбедност во сообраќајот и подобра заштита на патната инфраструктура.

Со помош на Европската Унија и грант од речиси 13 милиони евра веќе се работи и на инсталирање интелигентни транспортни системи на Коридорот 10 по што наскоро ќе треба да се продолжи и на Коридорот 8.

Борис Грујоски