Изборен законик

До среда на полноќ истекува рокот за донесување на законските корекции на Изборниот законик

14.07.2026 17:15

До среда на полноќ истекува рокот за донесување на законските корекции на Изборниот законик. Партиите остануваат со спротивставени ставови, секој со свои услови, далеку од консензус за гласањето на дијаспората. Според владејачката партија политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ не поминува. Од ВМРО - ДПМНЕ велат, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат, провидна игра, со единствената цел да не се олесни гласањето на дијаспората и да не се донесе нов Изборен законик...

До среда на полноќ истекува рокот за донесување на законските корекции на Изборниот законик согласно европската агенда. Договор помеѓу партиите нема на повидок, продолжуваат политичките препукувања. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека кај опозицијата нема волја за договор за усвојување нов закон. Според Манасиевски, повиците за дијалог од едни опозициски партии и одбивањата од други претставуваат „политичка игра“.

За опозицијата останува неприфатлив предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, дијаспората да гласа по електронски пат или по пошта, наместо како досега во конзуларните претставништва.

Евроамбасадорот во земјава, Михалис Рокас, се надева дека политичките партии ќе успеат да се договорат за измените на изборниот законик неопходни за исполнување на Реформската агенда, бидејќи како што вели се работи за 4,2 милиони евра коишто би биле искористени во бенефит или во корист на граѓаните.

Гласање по електронски пат е барање и на дијаспората со цел да се олесни процесот и остварувањето на избирачкото право.

 

Александра Велинова