Со 69 гласа „за“ Собранието ги изгласа осумте нови министри
По целодневна расправа, со 69 гласа „за“, ниту еден против во Собранието ги изгласа осумте нови министри. Премиерот Мицкоски очекува нова енергија со реконструкцијата на владата, но изрази и благодарност за соработка од досегашните соработници.

Во министерските фотелји седнаа осумтемина нови членови на Владата. Азир Алиу се збогува од здравството и ја предаде функцијата на поранешниот директор на ФЗОМ, Сашо Клековски.
Велковски ја презема функцијата од Фатмир Лимани и отсега ќе раководи со социјална политика демографија и млади. Прв човек во министерството за односи меѓу заедниците е Ферати кој доаѓа на местото на Стоилковиќ кој е избран за нов министер за локална самоуправа. Со земјоделството отсега ќе раководи кадар борче Серафимовски кадар на ЗНАМ. Седат Сулејмани седна на местото на Љутков во култура и туризам, професорот Шасивари отсега е на чело на правда, додека министер за односи меѓу заедниците, министер без ресор ќе биде Ерџан Демир. Зелено светло добија од Собранието и беа изгласани со 69 гласа „за“.
Премиерот Мицкоски очекува нова енергија од владината реконструкција и покрај тоа што седницата помина во тензична атмосфера со меѓусебни обвинувања за работата на Владата.
СДСМ и ДУИ ја напуштија салата, шефот на Владата се извини за случувањата, но нивните столчиња во салата Македонија останаа празни.
Ден по седницата, лидерот на социјалдемократите, Филипче, смета оти извинувањето на премиерот е изнудено и неискрено, барајќи санкции за однесувањето на Стоилковиќ
Од септември ќе се бираат замениците министри. За опозицијата владината реконструкција е увертира во нови предвремени избори.
Викторија Милевска
