Клековски ја презеде министерската функција во здравството
Сашо Клековски седна во министерската фотелја во Здравство. Неговиот претходник Алиу му ја предаде функцијата. Но поранешниот директор се врати во Фондот, пред новинарите даде осврт на двегодишното работење и реализираните проекти.

Досегашниот директор на Фондот Сашо Клековски ја презеде министерската функција во здравството. Неговиот претходник Алиу му посака успешен мандат да ги предложи реформите во интерес на пациентите и здравствените работници.
По две години на чело на фондот, Клековски со отчет за реализираните активности . Нагласи дека за здравството се обезбедени дополнителни 9,6 милијарди денари, зголемен е капитацискиот бод, воведени се нови превентивни програми, намален е одливот на здравствен кадар, а позитивната листа е проширена со 13 нови лекови. Според Клековски, реализирани се повеќе од 50 проценти од владината програма.
„Она што е во тек е е-рецептот, финиширањето зависи од министерството за здравство. И обезбедување здравствено осигурување на деца до 18 години, да имаат здравствено осигурување без разлика дали нивните родители се покриени со здравствено осигурување или не“, изјави Сашо Клековски – министер за здравство.
Новиот министер оцени дека генерално е задоволен од постигнатото додека го раководел Фондот. Во наредниот период вели треба да се работи на зголемување на кардиохируршките интервенции во јавното здравство и на дијализата – со оглед дека 88 проценти од овие услуги се извршуваат во приватните центри.
Пред новото раководство на Фондот остануваат и процесите за дигитализација и укинување на рефундациите.
Во Собранието за нов министер за здравство Сашо Клековски беше избран со 69 гласа. Пред пратениците даде заклетва како и неговите колеги.
Андријана Ѓурческа
