Кривичен суд

Ново рочиште против разрешениот апелациски судија, Ѓоко Ристов

14.07.2026 17:30

Денеска во Кривичниот суд и ново рочиште за случајот со сега веќе разрешениот судијата Ѓоко Ристов, обвинет за незаконско стекнување имот и перење пари. ДНК трагите пронајдени на фолии во кои биле смотани еврата се од Ристов, потврди експертката за овој тип вештачења...

ДНК трагите пронајдени на фолии во кои биле смотани еврата се од суспендираниот судија Ѓоко Ристов. Ова го потврди експертката за овој тип вештачења која ја исклучи можноста трагите да биле контаминирани.

На рочиштето на кое му се суди на апелацискиот судија се презентираа и транскрипти од разговор на извесен Ардит Арифи со други лица во кои се споменува судијата, а се зборува и за гаранции и за високи износи. Освен овие, обвинителството изнесе и докази обезбедени со посебни истражни мерки.

Во врска со видео и аудиоснимките, одбраната го тврди токму спротивното, дека самиот судија кажал оти никогаш не земел поткуп.

Обвинителството го товари Ристов за незаконско стекнување и прикривање имот, како и за перење пари. При истрагата, во домот на неговите родители беа пронајдени 350 илјади евра, вкопани во ѕид во кујната, за кои обвинителството тврди дека одбраната не докажала како се заработени.

Анита Димитријевска – Велковска