Кривичен суд

Условна казна за екс претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска

14.07.2026 17:20

Условна казна од траење од една година доби поранешната претседателка Државната комисија за спречување корупција. Според судот таа виновна бидејќи оддала службена тајна и бидејќи колега и полагал за безбедносен сертификат...

Условна казна од траење од една година доби поранешната претседателка Државната комисија за спречување корупција. Според судот таа виновна бидејќи оддала службена тајна и бидејќи колега и полагал за безбедносен сертификат.

Татјана Димитровска, од мај до декември 2024 година испраќала тајни податоци на свој пријател осомничен во случајот „Адитив“. Миле Столевски доби условна казан од 6 месеци, бидејќи во име на Димитровска полагал и добил безбедносен сертификат за пристап до национални класифицирани информации со степен Државна тајна. Обвинителството очекувало затворска казна.

Условната казна за обвинетата Димитровска не е успех за нејзиниот бранител.

Билјана Мантова Петровска, обвинета во овој предмет поврзан со одавање на службена тајна е ослободена од обвинението. Таа е раководителка на компанија и е обвинета и за други кривични дела во предметот „Адитив“. Во истрагата во овој случај беа пронајдени електронски докази, пораки со кои се откри дека од ДКСК се оддаваат податоци за случаи кои се истражуваат.

Наташа Јанчиќ – Менковски