ДЗР утврди низа неправилности за работењето на ЈП Комунална хигиена – Скопје во 2024
Дополнително, нотира ДЗР во извештајот, значаен дел од возниот парк на „Комунална хигиена“ е со просечна старост од 15 години, подолг период не се користи или се користи со значително намален капацитет, не генерира економски користи и често е надвор од функција поради дефекти, иако формално се води како активен.

Од вкупно 189 специјални комунални возила со кои располага Јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“, само 76 се во возна состојба, 80 се неисправни, а 33 се хаварисани – што значи дека 113 возила, односно речиси 60 отсто од возниот парк на комуналното претпријатие – е нефункционален. Ова го покажува извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје за 2024 година.