Пожари
Пожар избувна во атарот на селото Бајково, општина Ново Село
14.07.2026 19:39
Брзото ширење на огнот е опасност за црквата „Св. Петар и Павле“. Екипи на територијалната противпожарна единица од Струмица интервенираат заедно со доброволците од противпожарното друштво „Рис“.

Голем шумски пожар избувна попладнево во атарот на селото Бајково, во општина Ново Село, на падините на планината Огражден. Брзото ширење на огнот е опасност за црквата „Св. Петар и Павле“. Екипи на територијалната противпожарна единица од Струмица интервенираат заедно со доброволците од противпожарното друштво „Рис“.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека станува збор за непристапен терен, дејствуваат два ер-трактори на дирекцијата.
