Пожари
ЦУК: Активен е еден пожар, шест се изгаснати
15.07.2026 08:15
Регистрирани се вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои активен е 1, под контрола се 2 пожари, а изгаснати се 6. Пожарот на падините на планината Огражден е ставен под контрола.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека во последното деноноќие регистрирани се вкупно 9 пожари на отворен простор, од кои активен е 1, под контрола се 2 пожари, а изгаснати се 6. Пожарот на падините на планината Огражден е ставен под контрола.
Екипи на територијалната противпожарна единица од Струмица заедно со доброволците од противпожарното друштво „Рис“ и два Ер-трактори на дирекцијата за заштита и спасување од вчера на терен во борба со пламените јазици.
