САД воведе блокада на иранските пристаништа
Американската војска повторно воведе блокада на иранските пристаништа поради нападите на Техеран врз бродовите што се обидуваа да поминат низ Ормускиот теснец.

Американската војска повторно воведе блокада на иранските пристаништа поради нападите на Техеран врз бродовите што се обидуваа да поминат низ Ормускиот теснец. Предупредувања за ракетни напади беа издадени во Бахреин и Кувајт. Американскиот претседател се закани дека ќе ги нападне мостовите и електраните на Иран следната недела ако не се вратат на разговорите. Трамп вели дека сојузниците од Персискиот Залив побарале наместо патарини да има трговски договори за Ормускиот Теснец.
„Сакав да им дадам шанса да склучат договор. Имавме договор пред два дена. Беше направен. И потоа, одеднаш, не можеа да го сторат тоа. Не им се допадна нешто во договорот. И пукаа први, и тоа беше голема грешка. Тие се многу тешки луѓе. 47 години го трпевме тоа“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Претседателот Пазешкијан го отфрли „грубиот јазик“ на американскиот претседател Трамп против неговата земја. Изјавата следува откако САД извршија уште еден бран напади врз Иран.
„Луѓето кои сакаа да го претворат Иран во парчиња, што постигнаа? Ние одговараме со акција и го заштитуваме она во што веруваме, секој сантиметар од нашата почва. Грубиот јазик што го користат е достоен за нив самите, а не за нас“, изјави иранскиот претседател, Масуд Пезешкијан.
Војната меѓу САД и Иран одново се разгоре на почетокот од месецов откако Техеран нападна комерцијални бродови во Ормускиот теснец, а Трамп рече дека примирјето постигнато со посредство на Пакистан и Катар е завршено.
