Продолжува амандманската расправа по ребалансот на Буџетот
Разгледувањето на амандманите трае веќе неколку дена, а вкупно поднесени се 224 амандмани од пратениците од опозицијата – СДСМ, ДУИ и Левица.

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет попладне треба да продолжи амандманската расправа по ребалансот на Буџетот.
Разгледувањето на амандманите трае веќе неколку дена, а вкупно поднесени се 224 амандмани од пратениците од опозицијата – СДСМ, ДУИ и Левица.
Одбиени се над 100 амандмани, а прифатени два амандмани, но видоизменети.
Прифатен е амандманот на СДСМ со кој се бараа 10,5 милиони денари за социјална сигурност на жените во земјоделството, но власта прифати зголемувањето да е само два милиони денари.
Прифатен е и амандманот на Левица со кој се бараа повеќе финансиски средства за функционирање на националната СОС линија за жртви на семејно насилство. Наместо бараните пет милиони денари, Министерството за финансии прифати два милиони денари.
