Собрание

Ирското претседателство со ЕУ ги претставува своите приоритети во Собранието

15.07.2026 10:03

Ирскиот амбасадор Брендан Вард ќе ги претстави приоритетите на Ирското претседателство со Европската унија пред заедничката седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции.

Програмата на Ирското претседателство со Советот на ЕУ од јули до декември 2026 година денеска ќе бидат презентирани во Собранието.

Ирскиот амбасадор Брендан Вард ќе ги претстави приоритетите на Ирското претседателство со Европската унија пред заедничката седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции.

Програмата на Ирска како претседавач со ЕУ се базира на три главни приоритети: конкурентност, вредности и безбедност. Едно важно место зазема и проширувањето, но со кандидатките кои се најмногу напреднати во преговорите како Црна Гора и Албанија.

Македонија не е спомната како приоритет или како земја за непосреден напредок, што значи дека не е во центарот на агендата туку останува општ дел од процесот на проширувањето без посебен акцент во оваа фаза.