МВР
Уапсен Александар Лазаров – Цуната по четиридневна потрага
15.07.2026 10:22
Александар Лазаров – Цуната преку прозорецот на полициската станица во Кочани, тој синоќа е уапсен во Скопје ...

Четири дена по бегството на осомничениот наркодилер, Александар Лазаров – Цуната преку прозорецот на полициската станица во Кочани, тој синоќа е уапсен во Скопје. МТВ доби потврда на информацијата од Министерството за внатрешни работи.
Претходно, по 41-но годишникот беше распишана централна и меѓународна потерница, откако тој успеа да побегне од полициската станица, каде бил на распит за неовластено производство, преработка и продажба на дрога.
Бегството на Цуната траеше до синоќа, кога повторно падна во раце на полицијата.
