Косово ја прогласи министерка Снежана Пауновиќ за персона нон грата
Министерката доби трајна забрана за влез или транзит низ земјата. Одлуката е донесена откако Пауновиќ изјави дека „да беше на местото на Слободан Милошевиќ, таа етнички ќе го исчистеше Косово во 1998 година“.

Косово ја прогласи српската министерка за државна администрација и локална самоуправа Снежана Пауновиќ за персона нон грата. Министерката доби трајна забрана за влез или транзит низ земјата. Одлуката е донесена откако Пауновиќ изјави дека „да беше на местото на Слободан Милошевиќ, таа етнички ќе го исчистеше Косово во 1998 година“.
Косовските власти побараа ваквите изјави да бидат осудени од сите земји. Вршителот на должноста министер за внатрешни работи на Косово, Џељал Свекла вели дека секој обид за оживување на идеологиите поврзани со етничко чистење или закани против Република Косово ќе наиде на цврст, правен и институционален одговор.
