Куба повторно без електрична енергија
Куба се соочува со уште еден прекин во Националниот енергетски систем, оставајќи ја целата земја без струја...

Куба се соочува со уште еден прекин во Националниот енергетски систем, оставајќи ја целата земја без струја. Ова е трет инцидент од ваков вид за малку повеќе од една недела, во услови на екстремна ранливост во електроенергетската мрежа на островот, која е предмет на ембарго на нафта од САД.
„Оваа недела се мачевме и бевме гладни бидејќи електричната мрежа се исклучи неколку пати. Импровизираме и правиме што можеме“, вели Кубанка.
„Прекините на електричната енергија се веќе нормална појава во Куба. Ако се случи нешто друго, тоа би било невообичаено“, рече еден граѓанин.
Владината агенција не ја откри причината за најновиот прекин на електричната енергија, кој следи по два прекини изминатата недела, кои оставија повеќе од девет милиони Кубанци без струја.
