Бутел ќе добие ново училиште
За девет месеци треба да биде завршена втората фаза од изградбата на основното училиште ,,Живко Брајковски” во општина Бутел. Договорот го потпишаа градоначалникот Петре Латиновски и претставници на компанијата ,,Вардар градба”, која беше избрана за изведувач, на тендерот објавен според критериумите на Светска банка.
Вредноста на инвестицијата надминува милион евра, а новото училиште ќе овозможи најсовремени услови за непречено образование на илјада ученици.

Градоначалникот Петре Латиновски вели дека по педесет години се гради најсовремено училиште во општината Бутел, кое со корисна површина од околу 5.000 м2 треба да овозможи услови за образование и за поголем број ученици од сегашниот. Објектот ги задоволува сите најнови еколошки стандарди и е енергетски ефикасен. Рокот за завршување на градежните работи е девет месеци.
Свето Николовски