Турција одбележува десет години од неуспешниот обид за воен удар
Во земјата се организирани комеморативни настани, изложби, јавни собири и марш преку „Мостот на мачениците на 15 јули“ во Истанбул...

Турција одбележува десетгодишнина од неуспешниот обид за воен преврат во кој загинаа повеќе од 250 лица, а над две илјади беа повредени. Во земјата се организирани комеморативни настани, изложби, јавни собири и марш преку „Мостот на мачениците на 15 јули“ во Истанбул.
На денешен ден пред десет години, делови од турската армија се обидоа да ја соборат владата на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Судири меѓу пучистите и силите лојални на владата имаше во Истанбул и главниот град Анкара.
По неуспешниот пуч, за време на вонредната состојба, со декрет беа отпуштени повеќе од сто илјади вработени во јавниот сектор.
Ердоган за обидот за соборување на власта го обвини движењето на проповедникот Фетулах Ѓулен, кој во тоа време живееше во егзил во САД.
