Пожарот во Бајково на Огражден под контрола – пожарникарите со апел за внимателност
Пожарот кај Бајково на планината Огражден е ставен под контрола. Спасена е локалната црква и викендиците во оваа место. Струмичките пожарникари кои имаат полни раце работа со апел за внимателност и одговорност и да не се палат стрништата и сувата вегетација.

Пожарот кај Бајково на планината Огражден во струмичко е ставен под контрола. Претставници на Противпожарната единица од Струмица и доброволното Рисови од Ново Село како и од ЈП Македонски шуми се на терен и дејствуваат на последните жаришта со цел целосна ликвидација на пожарот.
Таму вчера попладне интервенираа и Ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување. Се спаси Црквата Св. апостол Павле и Петар од иселеното место Бајково каде претежно има викендици.
Во изминатите 24 часа струмичките пожарникари интервенираа на повеќе локации во струмичкиот регион. Ангажирани беа сите расположливи ресурси со цел да се спасат имотите на жителите на местата каде што имаше пожари.
Човечкиот фактор е главната причина за пожарите во последниот период во струмичко.
Ване Трајков
