Армија

Церемонија за затворање на командата на Бригадата на Југоисточна Европа во Куманово

15.07.2026 18:15

Завршува мисијата на Бригадата на Југоисточна Европа во Македонија. Шест години нашата армија со припадници од шесте земји членки, придонесуваше за стабилноста на регионот. Се јакнеа одбранбените капацитети и билатерални...

„Шест години достигнувања, зајакната доверба, партнерството и стекнати нови трајни пријателства. Тоа е SEEBRIG! Еден од најуспешните примери за регионална одбранбена соработка“, истакна министерот за одбрана Мисајловски, на воената свеченост по завршувањето на мисијата на Бригадата на Југоисточна Европа во Македонија. Тој нагласи дека изминатиов период нашата армија покажала дека е кредибилен, сигурен и активен партнер подготвен да придонесе за регионалниот и меѓународниот мир и безбедност. Потенцираше дека присуството овде овозможило дополнително јакнење на односите со земјите членки, чии 30-ина претставници беа лоцирани во кумановската касарна.

„Денеска кога се соочуваме со сè посложени, понепредвидливи и меѓусебно поврзани безбедносни предизвици и закани кои не познаваат национални граници, ваквата соработка е поважна од кога било. Тоа бара координација, подготвеност и заеднички пристап. Во тој контекст, SEEBRIG останува важна платформа за дијалог, меѓусебно разбирање и практична соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа“, истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Македонија ќе продолжи да биде важен партнер на Бригадата иако истата се сели во Истанбул, Турција.

Изминатите шест години претставниците на СИБРИГ реализира различни хумани акции. Беа дел и од справување на состојби по природни катастрофи.

Освен Македонија членки на СИБРИГ се и Албанија, Бугарија, Грција, Италија, Романија и Турција.

 

Елена Георгиевска