Украина

Самит Украина-Југоисточна Европа во Киев

15.07.2026 18:36

Самит Украина-Југоисточна Европа во Киев на Денот на државноста на Украина. На самитот со фокус на зајакнување на регионалната соработка, поддршката за Украина и унапредувањето на нејзината европска агенда. Во меѓувреме, се интензивира и војната во Украина. Москва јави за стотици пресретнати дронови, Киев за нов бран руски напади со ракети и беспилотни летала.

Самит Украина-Југоисточна Европа во Киев на Денот на државноста на Украина. На самитот со фокус на зајакнување на регионалната соработка, поддршката за Украина и унапредувањето на нејзината европска агенда.

Пристигна претседателката на европската комисија, Фон дер Лајен и други европски лидери. Ќе учествува и министерот за европски прашања, Беким Сали.

„Ќе објавам нови иницијативи за интеграција на нашите одбранбени индустрии, со цел да имаме поголемо и побрзо производство“, напиша Фон дер Лајен на платформата „ИКС“.

Украинскиот претседател Зеленски неодамна доби важни ветувања за понатамошна поддршка, вклучително и од европските партнери од коалицијата на подготвените.

Во меѓувреме, војната меѓу Русија и Украина повторно се интензивира.

Москва соопшти дека во изминатото деноноќие кон руската престолнина биле насочени повеќе од 340 украински беспилотни летала.

И Киев пријави нов бран руски напади со дронови и ракети. Украинскиот парламент ја продолжи воената состојба и мобилизацијата за уште 90 дена во момент кога земјата треба да ја избере новата влада.

Катерина Бојаџиева