Економија

Од понеделник можно е ново намалување на акцизите за горивата, најави Мицкоски

15.07.2026 17:42

Исполнети се условите за намалување на акцизите за дизелот и безоловниот од понеделник – вели, премиерот Мицкоски по повторното разгорување на војната на Блиски Исток која предизвика нов скок на цените на горивата. Според економистот Халили, разгорувањето на војната ќе влијае на цените на сите производи, не само на горивата...

Исполнети се условите за намалување на акцизите за дизелот и безоловниот од понеделник – вели, премиерот Мицкоски по повторното разгорување на војната на Блиски Исток која предизвика нов скок на цените на горивата.

Се следи состојбата на берзите и ќе се направи анализа за првите 15 дена – вели шефот на Владата. Кризната состојба е до 20-ти јули.

Според економистот Халили, разгорувањето на војната ќе влијае на цените на сите производи, не само на горивата. Советува, да не се штеди буџетот во насока на заштита на стандардот на граѓаните, но преку таргетирани мерки. Според него, ова не е криза во размери на Ковид и дека стопанството може да ја издржи.

Нафтата од типот Брент достигна цена од 85,24 долари за барел на светската берза, додека суровата нафта се искачи на 80 долари.

На домашниот пазар, дизелот се продава за 88 денари по литар, БС-95 за 87, а БС-98 за 89 денари за литар.

Александра Велинова